Чат ботови против луѓе: Кој ќе победи?

Чат ботови против луѓе: Кој ќе победи?

Подготвил: Маја Пероска

Чат ботовите се повеќе се применуваат и од 2016 година голем број на платформи базирани на пораки ги користат. Но, многумина стравуваат и за нивното влијание на пазарот на труд.

фото извор: ShutterStock

Никој не може да го оспори фактот дека чат ботовите се покажаа како многу корисни во електронската трговија. Марк Цукерберг ги легитимизираше чат ботовите во платформата „Messenger“ и верува дека чат ботовите се голем дел од иднината на вештачката интелигенција. Други пак, сметаат дека автоматизацијата и користењето на чат ботовите се одлични за грижата за клиентите, а со тоа се намалуваат и трошоците. До 2020 година се очекува дека 80 проценти од брендовите ќе користат чат ботови.

Сепак, тие не можат да ја заменат човековата интеракција. Корисниците често имаат комплексни прашања кои чат ботовите не можат да ги одговорат. Чат ботовите може да имаат способност да ги водат корисниците низ специфичен процес кој ќе им ги презентира производите и бројните опции, а тоа е процес кој може, но и не мора да значи дека ќе заврши со продажба. Чат ботовите се одлични за асистирање на луѓето, одговарање на едноставни прашања за проблеми со кои корисникот се соочува.

Се очекува дека чат ботовите ќе заменат неколку професии на луѓето, но факт е дека тој процес не може да се избегне. На тоа не мора да се гледа како на негативна работа, бидејќи сите нови технологии се воведуваат за олеснување на секојдневниот живот.

Многу е можно иднината да се состои од чат ботови и други видови на асистенти основани на вештачка интелигенција. Но, наместо да се бориме против тој напредок, индустрија треба да научи да ги искористи придобивките и да ги интегрира во своите бизнис модели.