На шест години Мила Србиновска од „Брејк а лег“ стана европски шампион во хип-хоп!

На шест години Мила Србиновска од „Брејк а лег“ стана европски шампион во хип-хоп!

Со македонското знаме околу себе, шестгодишната Мила Србиновска синоќа се радуваше на титулата европски шампион во хип-хоп, на Европското првенство што се одржа во Полска.



Србиновска победи во голема конкуренција на 27 танчери и на Македонија и го донесе првото шампионско место. Мила е член на студиото „Брејк а лег“ од Скопје. Европското првенство е во организација на Интернационалната танц организација и Полската танцова федерацијаа, а учествуваа 19 земји. Лани „Брејк а лег“ стана светски вицешампион.

-Чувството е неописливо кога си ја слушаш македонската победничка химна. Чекавме седум години и дочекавме да бидеме европски шампиони! Мила Србиновска!!! – напиша на својот фб-профил Трајче Петковски, првиот човек на скопското студио „Брејк а лег“.