Оглас за вработување во Министерството за информатичко општество и администрација

Оглас за вработување во Министерството за информатичко општество и администрација

Министерството за информатичко општество и администрација објавува оглас за вработување 2 лица на определено време на следниве позиции:

1 Посебен советник за меѓународна соработка - 1 извршител
2. Посебен советник за оперативни и административни работи - 1 извршител


Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови (за сите кандидати):
- да е државјанин на Република Македонија;
- да не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите за работната позиција под број 1, покрај општите услови предвидени
со Закон, потребно е:

- да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати најмалку 180 ЕКТС од областа на општествените науки;
- да имаат искуство во работа со организации од областа на меѓународните односи и евроатлантските интеграции;
- да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик), додека познавањето и друг јазик ќе се смета за предност.

Кандидатите за работната позиција под број 2, пбкрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
- да имаат завршено најмалку високо образование V1I/1 степен или студии со стекнати најмалку 240 ЕКТС од областа на хуманистичките науки.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија, кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар, и тоа:

Кандидатите за работната позиција под број 1, потребно е да ги достават следните документи:

- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение / дип лома за завршен степен на образование;
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
Кратка биографија;
- Писмо за мотивација.

Кандидатите за работната позиција под број 2, потребно е да ги достават следните
документи:

- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност ил и должност;
- Уверение / диплома за завршен степен на образование;
- Кратка биографија;
- Писмо за мотивација.

Распоред на работно време:
Работни часови во неделата: 40, работно време од понедел ник до петок од 08:30 до 16:30 часот. Како посебни услови за работа во Кабинетот се предвидуваат и работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.

Паричниот износ на основната нетоплата изнесува 36. 800, 00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Вработувањето на посебните советници трае најдолго до истекот на мандатот на министерот за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесу ва 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се доста ви во затворен коверт директно до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација ил и по пошта на следна ва адреса:

Министерство за информатичко општество и администрација бул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје
Кабинет на министер (со назнака „за оглас завработување"
Лице за контакт: Елена Манчева 02 3200 970
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.