Виртуелната реалност може да ги направи идните посети на стоматолог помалку болни

Виртуелната реалност може да ги направи идните посети на стоматолог помалку болни

Подготвил: М.Д.

И стоматолозите и пациентите сакаат овие третмани да бидат помалку болни, а сега за ова постои можност со помош на виртуелна реалност. За оваа цел во Велика Британија 80 луѓе се поделени на три групи, а на две од нив им биле дадени ВР слушалки.

стоматолог
Фото: Airman 1st Class Christopher Maldonado

Двете групи имале за задача или да истражат плажа или град, а другата група имала за задача да се џари во таванот додека стоматологот им ги поправал забите. Пациентите биле интервјуирани по прегледот и недела подоцна. Кај првите две групи било забележано помалку стрес и болка, за разлика од оние кои останале да се џарат во таванот.

За да биде ова потврдено ќе треба да се направат и поголеми студии.

Да се надеваме дека ова наскоро ќе стане тренд кој ќе дојде и кај нас. Никој не ги сака непријатните звуци од алатите на стоматолозите, но грижата за забите е неопходен дел од нашето секојдневие.