Втората рата од студентските стипендии ќе биде исплатена во понеделник

Втората рата од студентските стипендии ќе биде исплатена во понеделник

Подготвил: М.Ф

Студентите кои сè уште не земале втора рата од стипендиите кои ги доделува Министерството за образование и наука, најверојатно истите ќе ги добијат во понеделник.  Неофицијално, се работи за технички пропуст, бидејќи решението за исплата е потпишано од министерката Рената Треневска- Дескоска. До редакцијата на Факултети.мк се обратија повеќе студенти кои нè известија дека дел од стипендиите не се исплатени, главно кај студенти од една група, кои земаат стипендија преку една банка.




-Не знаеме веќе на кого да се обратиме, имаме проблем. Неодамна беше исплатен вториот дел од стипендиите. Сите групи и сите студенти во сите банки си го добија својот дел, освен ние што сме корисници на групата за просек. Веќе 2-3 недели пишуваме до МОН, бареме да ни кажат во што е проблемот и секогаш добивавме различен одговор. Добивме информација дека налогот не поминува во банката – вели студентката Е.С.

Дека околу 300 студенти не добиле исплата на втората рата од стипендиите, студенти пишуваат и во групата на Фејсбук, Студентски стипендии. Во групата ги пишуваат и одговорите кои ги добиваат од МОН, од одговорното лице за стипендиите, и може да се заклучи дека постојано добиваат информација за различен датум за исплата на стипендиите . Наши извори велат дека студентите на кои им недостасува втората рата за стипендиите, ќе ја добијат во понеделник.