Оглас за вработување во ЕВН

Оглас за вработување во ЕВН

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

Aдминистратор на бази на податоци (М/Ж)

Опис на работните задачи
Проектирање, кодирање, тестирање и поддршка на најновата генерација решенија - бази на податоци:
• Oracle 10g, 11g и 12c, MS SQL и MySQL администрација на база (инсталација и параметризација)
• Data Security, Backup & Recovery (Кандидатот ќе биде одговорен за безбедносните (security) аспекти на базите на податоци, како и превенцијата од загуба на податоци)
- Конфигурирање на backup за Oracle бази (RMAN и datapump)
- Конфигурирање на backup за MS SQL бази
- Конфигурирање на backup за MySQL бази
• Администрација на Standby/Failover (Oracle Data Guard)
• Oracle RAC & ASM инсталација и администрација
• Познавање на миграциски техники за Oracle, MS SQL и MySQL бази на податоци
• Искуство со Oracle middleware (апликациски сервери)

Остварување restore постапки за враќање на податоци, имплементација на recovery процедури и редовен backup на системите.

Потребни квалификации и лични карактеристики
Ефективни комуникациски вештини, пишани и вербални (особено со лица кои немаат големи познавања за IT технологии)
3 – 5 години работно искуство
Основно познавање на оперативните системи Windows и Linux
Компетенции:
Насоченост кон резултати
Висока организираност
Фокус на одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти
Способност за менаџирање на повеќе проекти од различни функционални области истовремено
Способност за изнаоѓање инвентивни решенија за подобрување на перформансите на базите на податоци со кои ќе управува,

Способност за разбирање на комплексните проблеми од областа на работење и можност да препорачува ефикасни решенија за нивно отклонување.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.


Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)