НАСА oбјави фотографија од Црното Море која ги загрижува научниците

НАСА oбјави фотографија од Црното Море која ги загрижува научниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека Црното Море ја променило својата боја. На фотографијата од вселената се гледа дека сега морето има тиркизно-бисерни нијанси.

наса
Фото: NASA

Особено светли бои се појавија на бреговите на Романија, Бугарија и Украина. Промената на бојата се поврзува со цветањето на коколитофорот - планктонските алги на чија површина е депониран калциум карбонат.

За време на масовното цветање на микроскопските организми се разблажува водата на Црното Море. Со оглед на тоа што движењето на планктоните ја одредува струјата, сликата направена од вселената покажува големи вртлози.

Овој морски феномен се смета за нормален во јуни, иако оваа година има доста светли бои, наведуваат научниците. Тие истакнуваат дека активното цветање на алгите може да доведе до недостаток на кислород во водата, а тоа може да им наштети на морските организми.