Дали можете да го положите тестот за британско државјанство?

Дали можете да го положите тестот за британско државјанство?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Тестот за британско државјанство познат како „Life in the UK test“ е тест кој мора да се положи за да се добие британско државјанство.

pasoh

Дизајниран е за да го тестира знаењето на кандидатите и содржи прашања за британската култура и историја. Сепак, прво треба да положите тест за англискиот јазик, а се бара и да имате поминато одредено време во Британија и да немате никакво криминално досие.

За да го направите тестот треба да платите 50 фунти и да одговорите на најмалку 75% од 24-те прашања за да положите.

Во 2016 година, биле направени 125.925 тестови, а 36% од кандидатите паднале.

Во продолжение е мини верзија од квизот, во кој се наоѓаат слични прашања.