Ќе се праќа писмо до ЕУ: Македонија и соседите без роаминг?

Ќе се праќа писмо до ЕУ: Македонија и соседите без роаминг?

Подготвил: М.Д.

По укинувањето на роамингот во земјите од ЕУ и министрите задолжени за телекомуникации од Македонија и соседите, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, постигнаа договор да упатат писмо за негово укинување до Европската комисија.

телефон
Фото: Thinkstock

Имено, во писмото би се барало одлуката за укинување на роамингот во земјите од Европската Унија да се прошири и за тие четири држави, а во текот на денот би требало да се утврди и точната содржина. Тоа ќе биде адресирано до потпретседателот на Европската комисија, а ќе биде потпишано од македонскиот министер за информатичко општетсво и администрација, Дамјан Манчевски, црногорската министерка за економија, Драгица Секулиќ, министерот за комуникација и сообраќај на БиХ, Исмир Јушко и српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

Српскиот министер изјавил дека овој договор меѓу четирите држави се постигнал телефонски „буквално за пет минути“.

„Имавме покренато слична иницијатива пред две години, но тогаш не беше прифатена. Не треба ни сега да создаваме преголеми очекувања, но сметаме дека како земји во процес на придружување и нашите граѓани би требало да имаат бенефит кој го користат и граѓаните на ЕУ. Освен тоа, оваа одлука важи и за земји кои не се нејзини членки како Норвешка, Исланд и Лихтенштајн“, изјавил Љајиќ.

Тој исто така потсетил дека оваа четворка пред три години потпишала меѓународен договор за меѓусебна соработка со кој биле обврзани да ги симнуваат цените на роамингот.