Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

Реф.бр. 2017092
Оглас за работа : Оператори на пречистителна станица (Wastewater Treatment Plant Operator)
Локација: Скопје, Македонија


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети Скопје има потреба од Оператори на пречистителна станица кои ќе се приклучат на нашиот тим во Одделот за Безбедност и Здравје при работа во фабриката за автокатализатори во Скопје. Операторите на пречистителната станица ќе бидат дел од квалификуван тим и ќе работат со современа опрема во рамките на Одделот.

Главни одговорности:
- Да обезбеди и осигура дека сите рутински задачи (мониторирање на процес, контрола на влезните и излезните параметри, дневни лабораториски испитувања, соработка со другите оддели-одржување, магацин) се соодветно спроведени и евидентирани на дневна, неделна и месечна основа
- Да осигура ефективна и безбедна работна пракса во станицата преку нејзин развој и одржување
- Да подготвува дневни извештаи со цел да се добијат потребните информации за работењето на станицата, кои ќе се користат за понатамошно планирање на работата
- Да ја пријави секоја нестандардна или небезбедна активност на станицата
- Соодветно да ја одржува и да се осигура дека заштитната опрема е секогаш достапна за користење
- Користење на LEAN алатки и техники за подобрување на рутинските операции и оптимизација на процесите
- Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

• Минимум завршено средно образование
• Општи познавања од областа на Безбедност и здравје при работа
• Искуство со LEAN техниките ќе се смета за предност
• Основни познавања на лабораториска опрема и соодветно користење на истата
• Способност за работа со куси рокови и работа под притисок
• Способност за учење и применување на нови вештини, а истовремено одржување на високо ниво на точност и квалитет во работењето

Позицијата подразбира работа во три смени за покриеност на процесите 24/7 часа

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 02 Јули 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување