Практикантска работа во АрцелорМиттал

Практикантска работа во АрцелорМиттал



Практикантска работа во АрцелорМиттал

Оддел за Здравје, безбедност и екологија

Стекнете со работно искуство во водечка и светска компанија за производство на челик!

Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

Наменето за: сите студенти од Машински и Технолошки факултет кои имаат одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Праксата во одделот за здравје и безбедност вклучува водење на документација и запознавање со стандардите за безбедност и здравје при работа.

Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – Здравје, безбедност и екологија“, најдоцна до 2 јули 2017. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.