Пристигна револуцијата - најголемата инвестиција која ќе го промени светот

Пристигна револуцијата - најголемата инвестиција која ќе го промени светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

револуција

Германската компанија „Robert Bosch“ позната по делови за автомобили како што се кочници и мотори, се подготвува за раст на побарувачката за делови за автономни возила.

Фабриката во Дрезден ќе започне да произведува чипови за автономни возила, паметни телефони и градови со инфраструктура поврзана со интернет во 2021 година, а ќе има потреба од 700 работници.

„Bosch“ е познат како производител на традиционални автомобилски делови, веќе долго време работи на софтвер и сè повеќе вложува во нови технологии како што се менува возењето на автомобилите.

Минатата година, во секој продаден автомобил во светот, во просек се наоѓале девет чипови кои ги направил „Bosch“.