Холандска брава за велосипед која го блокира мобилниот телефон

Холандска брава за велосипед која го блокира мобилниот телефон

Подготвил: Маја Пероска

Телекомуникациската компанија во Холандија се здружила со државниот орган за безбедност во сообраќај за да креира брава за велосипед која во текот на возењето ги заклучува мобилните телефони со цел да се заштитат младите возачи кои редовно го користат телефонот додека возат низ гужвите по улиците.


Апликацијата за телефон ќе ја отклучува бравата на велосипедот за да може да се вози, а истовремено ќе го блокира пристапот кон сигналот на мрежата од мобилната телефонија „KPN“. На тој начин, велосипедистот ќе може телефонот да го користи само за повикување на итни служби. Кога велосипедот ќе застане и ќе се заклучи, телефонот повторно ќе работи.

Холандското здружение за сигурност во сообраќајот денес соопштило дека очекува „сигурносната брава“ да биде пуштена во продажба пред крајот на оваа година и да чини околу 100 евра.

Здружението наведува дека употребата на паметни телефони е причини за една петтина несреќи со велосипеди, во кој се вклучени деца.