Зошто најмногу се мами на испитите?

Зошто најмногу се мами на испитите?

Подготвил: М.Д.

Преку едно истражување на порталот EduCentar направено со 400 испитаници  се дошло до сознание дека на испитите најмногу се мами поради несигурност и недостаток од време за учење. Најмногу мамат учениците од средно училиште со 98%, а најмалку оние со високо образование, од кои 21% никогаш не мамеле на испит.

мамење
Фото: Essay Tigers

Жално е што дури за 16% мамењето на тестови и испити им е главна метода која ги минуваат испитите, а пак 41% од средношколците велат дека мамат скоро на секој тест.

Што се однесува до основците, 19% мамеле на секој тест, а 18% никогаш.

Од испитаниците кои биле на факултет, 24% мамеле на секој испит, а 31% никогаш не препишувале за време на студирањето.

Најмногу се користат мали ливчиња за препишување, а вториот најупотребуван метод е дошепнување со колеги или соученици. Модерната технологија како мобилни телефони и бубици ја користат само 19% од испитаниците, а 8% праќаат други луѓе да полагаат на нивно место, иако оваа метода не се користи редовно. Други методи кои се користат се читање од книга, замена на тестови и знакови со рацете.

Еден од учесниците во истражувањето објаснува дека за испитите има премногу непотребен материјал кој не може да се научи и разбери и дека многу професори очекуваат од учениците и студентите да бидат папагали. Тој вели дека сите се различни и кон секој ученик и студент треба да биде прилагодено и оценувањето.

Многу е актуелно и позајмувањето на делови или цели матурски или дипломски работи, а во оваа категорија спаѓаат и лектирите, кои најчесто целосно се преземаат од другите.

Дури 83% од испитаниците кои мамеле се фатени, но казната била со краткотрајни последици, 49% биле опоменати, а на 39% му бил одземен тестот или испитот.

Јасно е дека мамењето на испит или тест не е морално, но во некои ситуации е потребно според 70% од 400те учесници во истражувањето. За жал само 17% сметаат дека тоа е апсолутно неморално.