Можете ли да го забележите предаторот на сликата?

Можете ли да го забележите предаторот на сликата?

Подготвил: Маја Пероска

Криејќи се во прекрасните листови од орхидеи во тропските дождовни шуми во Југоисточна Азија, постои едно од најтајните суштества.

фото извор: Alamy

Со декади, луѓето верувале дека богомолките се кријат во листовите од орхидеите, криејќи се од многуте опасности кои ги има во Малезија. Но, нова изложба во музејот во Мелбурн, покажува нов поглед кон ова прашање. Она што научниците во Австралија го откриле за овие животни е дека тие со текот на времето одлично се камуфлираат, имитирајќи ја текстурата и бојата на листовите. Нивните способности за ловење се неверојатни и брзи. Успеваат да останат мирни и само ја движат главата. Имаат голем апетит, но се селективни ловци.

Експертите велат дека богомолките всушност не се кријат, туку се поставуваат во заседа, односно тоа го нарекуваат „агресивна мимикрија“. Инсектот ги користи предните нозе за да го улови пленот.