„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на НЛБ за две нивоа
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ го подобри долгорочниот рејтинг на НЛБ за две нивоа, од „Ва3“ на „Ва1“ и ја преимеува оценката во „стабилна”.
Како што наведуваат од „Мудис“, зголемувањето на кредитниот рејтинг се должи на подобрената бинзис-клима во Словенија и натамошниот напредок во управувањето со кредитното портфолио на Банката.
„Мудис“ го истакна подобрувањето на кредитното портфолио на НЛБ, нејзината профитабилност и одржување на висока адекватност на капиталот.