Телеком, Будимпешта, Горилаз! - Авантурата на 12-те „Горили“ во Будимпешта

Телеком, Будимпешта, Горилаз! - Авантурата на 12-те „Горили“ во Будимпешта

Подготвил: Николај Митрески



Откако изминаа неколку денови после концертот на Gorillaz во Будимпешта, страстите сè уште не стивнуваат, но ќе се потрудам барем малку од малку, да ви го доловам целото дожување што го имавме. Откако Irie Scratch ги објави добитници на билетите за концертот на Gorillaz, почнавме сите да правиме планови и договори како да си поминеме најдобро што можеме. Освен билет за ексклузивниот концерт на Gorillaz, добивме и авионски превоз и хотелско сместување, во превод, 4 дена одлична забава во Будимпешта.

Голема благодарност до Телеком МК што пред сè ми овозможи ова доживување да не го доживеам сам, туку ѝ подарија билет за концертот и на мојата девојка Ана, за заедно да уживаме.



Иако не се познававме лично, направивме групен чат и почнавме да се договораме. Првата средба сите заедно ја имавме на аеродромот Александар Велики, каде што одма сфативме дека сме истомисленици и дека ќе имаме одлична дружба. Откако ги преживеавме малите турбуленции, слетавме на аеродромот Франц Лист во Будимпешта. Таму нè чекаше веќе договорен превоз кој нè однесе во прекрасниот хотел Golden Park кој е речиси во самиот центар на градот.

Се сместивме и одма тргнавме да го разгледуваме градот. Будимпешта е еден од најстарите градови во Европа. Лежејќи на течението на Дунав се дели на два дела, Будим и Пешта. Градот е препознатлив по многуте бањи и го поседува еден од најдобрите јавни превози во градот. Да не заборавиме да ги споменеме и Зоолошката, Тропикариумот, Паркот на Комунизмот и уште многу многу кул локации кои ако земам да ги набројувам ќе ми требаат денови :)



Средата и четвртокот ги искористивме за подобро да се запознаеме сите и да го искусиме градот колку што можеме повеќе. Ден подоцна, петокот, беше денот Д за кој бевме сите дојдени, концертот на Gorillaz. Концертот беше најавен дека ќе се одржи во Várkert Bazár, што порано било исполнето со продавници, целото со фокус на трговијата. Во петокот местото беше брендирано во препознатливата магента на Телеком. Ја контактиравме одговорната од Телеком за нашите билети, и ни беа дадени посебни Gorillaz алки. Си почекавме некои 40 минути да се отворат официјално вратите, малце и накиснавме на дождот, но сепак влеговме.






Местото беше целосно во духот на Gorillaz и Телеком. Магента беше единствената доминантна боја и сè друго беше исполнето со слики од 2-D, Murdoc, Russel и Noodle, членовите на виртуелниот бенд. Десно од влезот, во фоајето, беше поставено и големо магента платно, супер осветлено, каде што сите фанови со Lenz апликацијата можеа да се сликаат и веднаш да ги качуваат сликите на нет. Да, Телеком дури имаше и посебна WIFI мрежа за концертот направена со брз интернет за сè што сакаме да можеме одма да споделуваме.



Ултра кул момент беше што откако ќе качевте слика на некоја социјална мрежа, имавте можност да си одберете маичка, торба или пешкир, специјално брендирани со Electronic Beats и Gorillaz. Така натоварени, се упативме внатре во концертната сала, која на наше изненадување беше голема колку Денсинг салата во МКЦ. Токму тоа, му стави поголем акцент на зборот ексклузивен концерт. Фативме места во првите редови и го чекавме почеток. Одеднаш се изгасија светлата. Публиката експлодираше, почнаа визуелизации да се појавуваат на сценското платно. После неколку минути почна целиот бенд да се појавува на сцената, вклучувајќи го и фронтменот или мастермајндот, ако повеќе сакате, Дејмон Албарн. Позади него имаше многу музичари и за неколку секунди го отворија концертот со песната Ascension од нивниот нов албум, Humanz. Од Saturn Barz, преку Submission, Busted and Blue, Sex Murder Party и многу многу други, па сè до We Got the Power го доживеавме новиот албум во целост. Следуваше мал бис, каде што се вратија на сцената да отсвират неколку од нивните најголеми хитови како што се, Rhinestone Eyes, Stylo и Kids With Guns. Крајот го краси делото па затоа, пред да започнат со изведбата на нивниот најголем хит Clint Eastwood, Дејмон покани на сцена еден дечко од публиката да ја изведе заедно со нив.



Многу солзи радосници имаше од концертот, а и среќата беше на наша страна. Ангела си доби палица од тапанарот, а Александра трзалица од гитаристот. Препотени и избањати (Дејмон цел концерт не „освежуваше“ со шишиња вода) се упативме надвор да се собереме и да споделиме мисли и кој како го доживеа концертот. Додека самите си го прераскажувавме концертот едни на други, здогледавме од спротива неколку познати лица. Басистот Сеј Аделекан и гитаристот Џеф Вутон, пушеа цигари надвор и одмараа после концерот. Одма се стрчавме да се поздравиме и да се сликаме со нив. Дечките беа фантастични. Се сликаа 15-20 мин. со нас и ни дадоа автограми, нешто што уште повеќе ни го зголеми фантастичното доживување. Едвај, со тешко срце, ја напуштивме салата и се упативме према хотелот. Преморени, но со полно срце, седнавме да одмориме и да си споделиме уште некое доживување.



Наредниот ден го искористивме да се дотрошиме физички и да видиме уште некоја културна знаменитост во градот. Вечерта си останавме во хотелот во опуштена атмосфера да се подружиме, зошто сепак летот ни беше рано наутро. Утрото нè чекаше повторно превоз пред хотелот и се упативме кон аеродромот за накај дома. Веќе во 11 часот бевме слетани на аеродромот Александар Велики и се разделивме после пет дневна целодневна дружба.






За крај, уште еднаш, огромна благодарност до Телеком МК за одличнотото искуство што ни го овозможи. Благодарност и до Драган Иванов, нашето логистичко гуру за беспрекорната организација и претрпените стресови на чатот. И на крај, благодарност и до Ангела, Данчо, Лина, Ана, Љупче, Мартин, Моника, Јована, Александра, Виктор и Ивана за фантастичната дружба овие 5 дена.

Николај Митрески