Глупав и опасен начин за потемнување на кожата

Глупав и опасен начин за потемнување на кожата

Подготвил: Тамара Гроздановски

сончање

На интернет се шири бизарен и доста опасен тренд за добивање на темен тен.

Иако на пазарот се нудат голем број производи за брзо потемнување на кожата, постојат луѓе на кои тоа не им е доволно, па бараат нови методи кои се прилично опасни.

Еден од нив е и најновиот тренд кој со голема брзина се шири на интернет. Имено, станува збор за мачкање со Кока Кола, наместо масло за сончање. Бојата на карамелот која се наоѓа во Кока Колата ѝ обезбедува сјај на кожата.

Проблемот е тоа што Кока Колата нема никаков фактор за заштита од сонцето, за разлика од другите производи за сончање. Дерматолозите се строго против овој тренд, а истакнуваат и дека Кока Колата содржи киселина која овозможува УВ зраците подобро да се пробијат во кожата, што е доста опасно.