Како би изгледала Европа ако сиот мраз на Земјата се стопи?

Како би изгледала Европа ако сиот мраз на Земјата се стопи?

Подготвил: М.Д.

Ако се стопи сиот мраз на земјината површина нивото на морето ќе порасне од 66 до 91 метро според геолошко истражување направено во САД.

европа
Фото: REDDIT / GEOGEEK1

Ова целосно би го променил брегот на стариот континент како и на другите континенти и ќе избрише од картата голем дел од градовите во светот. Ова е неизбежно ако продолжи употребата на фосилни горива.

Корисник на Редит GeoGeek1 креирал мапа на која е прикажано како во Европа мразот е стопен, а брегот има поинаква форма.

Притоа, поголемите градови како Лондон, Венеција, Брисел, Амстердам, Копенхаген, Стокхолм, Истамбул, Хелсинки и Санкт Петерзбург се потопени. Холандија е целосно под вода, како и поголем дел од Данска.

Лошата вест е дека ако продолжиме да додаваме јаглерод во афмосферата, веројатно е дека ќе креираме планета без мраз. Добрата вест е дека ова би биле потребни повеќе од 5000 години.

Како изгледа Европа сега:

мапа европа
Фото: Getty Images/iStockphoto/PeterHermesFurian


Како би изгледала Европа кога би се стопил целиот мраз: