Дали на жирафите им се заканува истребување?

Дали на жирафите им се заканува истребување?

Подготвил: М.Д.

Во последните децении бројот на мрежести жирафи е опаднат дури за 80%, но сѐ уште постои надеж за зачувување на овие животни. Во последните 15 години нивниот број од 140.000 е намален на 97.000.

жирафи
Фото: AFP/Jean-Francois Monier

Главни виновници за оваа состојба се губитокот на живеалишта, фрагментацијата и ловот. Сепак, не се прават сериозни напори за зачувување на овие животни, а научниците знаат многу малку за тоа како живеат, што им е потребно да преживеат, каде се движат или зошто вратовите им се толку долги.

Според сознанијата на Меѓународната унија за сочувување на природата тие припаѓаат на една врска, која се дели на девет подвида, но според една студија од 2016, постојат четири вида кои живеат во Африка. Ако ова е точно, од мрежестата жирафа која живее во Кенија, Етиопија и Сомалија се останати помалку од 10.000.

Дејвид О’Конор кој е еколог од непрофитната организација Сан Диего Зоо Глоба, Џулијан Денеси кој е извршен директор на Фондација за зачувување на жирафите во Намибија заедно со други организации работат на разрешување на мистеријата за падот на популацијата на жирафите.

За почеток 11 жирафи ќе се пратат каде се движат со помош на GPS кој им е вграден за да дознаат дали може да им помогнат да преживеат.