Факултети.мк објавува конкурс за колумнисти

Факултети.мк објавува конкурс за колумнисти

На конкурсот може да се пријавите сите што имате предиспозиции за пишување и сакате да се афирмирате како колумнисти или писатели. Откако ќе ги избереме најдобрите, ќе бидете ангажирани да пишувате еднаш неделно, во термин кој ќе биде одреден од уредникот.

Младите и надежни колумнисти ќе имаат време од 3 месеци да го покажат тоа што најмногу го умеат - пишувањето.

По завршувањето на ангажманот, Факултети.мк на најдобриот колумнист ќе му објави и промовира дело, а трошоците ќе бидат целосно наши.

Најдобриот колумнист ќе го избере стручно жири, составено од искусни новинари.
Останатите колумнисти ќе добијат можност да продолжат да пишуваат, но и нивните колумни што ќе ги објават на нашиот портал, ќе се најдат во печатена форма која на крајот ќе ја обезбеди Факултети.мк

Вашите дела, напишани на тема по слободен избор, треба да ги испратите на адресата kolumni@fakulteti.mk со назначување колумни, најдоцна до 15 Јули. По направениот избор, ќе ги контактираме колумнистите кои ќе бидат избрани.

Тимот на Факултети.мк