Фејсбук тестира опција која спречува крадење на профилната фотографија

Фејсбук тестира опција која спречува крадење на профилната фотографија

Подготвил: Тамара Гроздановски

фотографии
Фото: Facebook newsroom

Моментално во Индија, „Facebook“ прави тестирање на опција која ја спречува можноста некој да ви ја украде фотографијата на профил. Така, на сите корисници од Индија, во нивниот „News Feed“ ќе им се појави нова опција со можност за вклучување на водич за нивната профилна фотографија.

Кога ќе се подобри опцијата, другите луѓе нема да можат да ја украдат вашата фотографија, ниту да ја преземат со „Screenshot“. Но, заштитата од „Screenshot“ е можна само за „Android“ телефоните.

Луѓето кои не се на вашата листа на пријатели нема да можат да се тагнат себеси ниту било кој друг на вашата профилна фотографија. За да се предупредат луѓето да се заштитат од сликата, под профилната фотографија ќе се наоѓа сличе со сина позадина и шлем. Дополнителното ниво на заштита ќе биде можно и со поставување на дизајн на вашата профилна фотографија.

Експериментот започна откако социјалната мрежа дозна од индиските социјални и безбедносни организации дека жените не сакаат да поставуваат свои фотографии. Тие се загрижени затоа што нивните фотографии често се користат во огласи со сомнителна содржина.

Бидејќи ваквите кражби може да се случат било каде во светот, „Facebook“ размислува да ја понуди оваа функција и за останатиот дел од светот. Моментално нема јасни најави кога ќе се случи тоа, но се шпекулира дека наскоро и корисниците од другите земји ќе ја имаат на располагање оваа опција.