Какво време нѐ очекува до крајот на месец на јуни

Какво време нѐ очекува до крајот на месец на јуни

Денес е понеделник, 26 јуни 2017 година, 177-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:55, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 20 минути.

Првото утро од новата седмица ни е најава за тоа какво време ќе имаме во наредните 7 дена, сончево и многу топло време со утрински температури кои се за некој степен над повеќегодишниот просек за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде сончево и многу топло. Попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност, па доцна попладне во северозападните и западните предели како и во североисточните и крајните источни предели се очекуваат слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Треба да напоменеме дека овие се само услови и станува збор за сосема слаби врнежи од дожд, некаде од 2 до 5 литри кои може да наврнат. Слаб ветер од променлив правец. Минималните температури од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево и многу топло време. Слаб северозападен ветер. Попладне појава на облачност и развој на нестабилност која што доцна попладне може да услови локални врнежи од дожд. Утринската температура до 18 степени, а максималната дневна до 35 степени. УВ индекс 8

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност и температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се движат од 28 до 39 степени. Од среда Македонија се очекува продор на многу топла воздушна маса која што ќе услови претежно сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе бидат и за 6-8 степени над повеќегодишниот просек. Значи во среда, четврток и петок во Македонија не очекуваат тропски денови, ќе биде сончево и многу топло време со максимални дневни температури кои што во среда ќе се движат од 29 до 40, во четврток од 30 до 41 степени а во петок од 31 до 42 степени. Во овие денови вредноста на ув индексот ќе изнесува 10, и следете ги препораките од лекарите и надлежните институции кои важат за справување со топлотни бранови.

ПРЕПОРАКА - Поради топлотниот бран не очекуваат температури кои ќе бидат над просекот за овој период од гоидната како и висока вредност на УВ индексот, затоа следете ги препораките од лекарите кои важат за справување со топлотни бранови, конзумирање течности и секако избегнување дирекна сончева изложеност во периодот од 10 до 17 часот.

Weather4all.com.mk