Џонсон Мети е во потрага по СЦАТ Техничар... Пријавете се доколку ги исполнувате условите!

Џонсон Мети е во потрага по СЦАТ Техничар... Пријавете се доколку ги исполнувате условите!

Реф.бр. 2017081

Оглас за работа : СЦАТ Техничар ( SCAT Technician )

Локација: Скопје, Македонија


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети Скопје има потреба од СЦАТ Техничар (SCAT Technician) кој ќе му се придружи на нашиот тим во СЦАТ / Одделот за контрола на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. СЦАТ Техничарот ќе биде дел од квалификуван тим на техничари / инжинери и ќе биде работи во современа СЦАТ лабораторијата во рамките на Одделот за квалитет.

Главни одговорности :
- Подготовка и анализа на примероци и користење на лабораториска опрема, при тоа задолжително следење на стандардите за квалитет
- Грижа и одржување на опремата
- Следење на добра лабораториска пракса
- Асистирање во истражување и обезбедување на аналитичка поддршка при крајното тестирање на производот
- Асистирање во навременото реализирање на финалните производи.
- Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

• Средно техничко образование или Универзитетска диплома од областа на Инженеринг/ Технички науки ќе се смета за предност
• Работно искуство во производствена компанија, како претходно работно искуство во индустриска лабораторија ќе се смета за предност
• Напредно познавање на Microsoft Excel и Microsoft Office
• Лични карактеристики на само-мотивираност и одлични комуникациски вештини
• Способност за работа со куси рокови
• Способност за учење и применување на нови вештини, а истовремено одржување на високо ниво на точност и квалитет во работењето
• Задолжително познавање на пишуван и говорен англиски и македонски јазик

Позицијата подразбира работа во смени и работа за време на викенди - 24/7;

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 9 Јули 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување