Оглас за вработување во АПАВЕ! Се бара: Администратор во Оддел за Квалитет

Оглас за вработување во АПАВЕ! Се бара: Администратор во Оддел за Квалитет



АПАВЕ е компанија која се занимава со вршење технички испитувања, анализи и спецификација во доменот на Oil & Gas индустријата. Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои претежно работат на долгорочни проекти (техничка инспекција) низ Европа, Африка, Азија (Блиски Исток и Индиски Океан). Должејќи се на брзиот раст и развој на компанијата, имаме потреба да вработиме:

Администратор во Оддел за Квалитет

Администратор/Комерцијалист кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Квалитет.

Потребни квалификации:
- Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан), дополнително познавање и на Француски јазик би било предност.
- Познавање на ISO9001 (Quality Management System) ќе се смета за предност
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
- Одлични комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, како и желба за работа во динамична средина
- Согласност за патување во странство на подолги релации (Азија, Африка)

Главни одговорности и работни задачи:
- Ревизија, припрема и одржување на систем за квалитет според ISO9001
- Одржување на интерни и екстерни ревизии
- Ревизија на работни процедури во координација со Менаџерот за Квалитет
- Превод на документација (од француски/англиски јазик и обратно)

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија до: recruitment.3@apave.com

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.