Биљана Ѓеорѓиевска има 47 години, но студира и не се откажува од сонот да стане наставничка

Биљана Ѓеорѓиевска има 47 години, но студира и не се откажува од сонот да стане наставничка

Подготвил: В.М.

И повозрасните граѓани имаат желба да студираат и да завршат факултет. Ова може да се заклучи со оглед на тоа што повеќе од две илјади граѓани се запишале на факултет преку проекот 30/35, во изминатите седум години, откако постои оваа можност. Со него им се даде шанса на повозрасните вработени или невработени мажи над 35 и жени над 30 години да се стекнат со факултетска диплома, а со тоа да си обезбедат соодветен работен ангажман.



Биљана Ѓеорѓиевска е запишана на студиската програма биологија-хемија на „Природно –математички факултет” и има уште три испити да го заврши школувањето. Ја сакам професијата наставник. Пред да се запишам на оваа студиска програма преку проектот, студирав на насоката биохемија, на истиот факултет, но не завршив- вели Биљана. Од факултетот и ги признале повеќето од положените испити, а со тоа ќе и се овозможи да заврши високо образование. Четириесет и седум годишната Билјана, 15 години работи како сметководител, поради работниот ангажман, досега не успела да дипломира, но положено има 33 испити.

-Се запишав на студиската програма биологија-хемија, двопредметна наставна насока. По завршувањето ќе можам да работам како наставник во училиште, професија која ја сакам. Претходно бев запишана на биохемија, за биохемичар инженер, меѓутоа подоцна сфатив дека повеќе би ми лежело нешто вакво и ја запишав оваа насока, преку проектот. Многу од испитите бидејќи се поколуваа со новата насока ми ги признаа. Се запишав, бидејќи сакам да имам уште една опција во животот, ама и да не ми пропадне толку учење на факултетот.

Запишаните граѓани преку овој проект имаат статус на вонредни студенти, годишно плаќаат по 200 евра. Според податоците од министерството за образование и наука интерес за упис изминатите години имало за сите струки, меѓутоа најмногу за студиските програми на техничките, природно – математичките и медицинските науки, коишто согласно реалната состојба на пазарот на трудот се дефицитарни и обезбедуваат поголема можност за вработување и економска сигурност.

Инаку последниот извештај на Директоратот за образование при Европската комисија со наслов "Од универзитет кон вработување“, а произлезен од направената анализа на високото образование во Република Македонија, покажа дека процентот на население на возраст од 30 до 34 години со стекнато високо образование, се зголемил од 12 отсто во 2006 година на 29 во 2015 година.