Џонсон мети вработува! Се бара: Oператор во магацин

Џонсон мети вработува! Се бара: Oператор во магацин

Реф.бр. 2017093
Оглас за работа: Oператор во магацин (Warehouse Operator)
Локација: Скопје, Македонија


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Оператор во магацин (Warehouse Operator) кој ќе биде дел од нашиот тим во одделот за Логистика. Со своето докажано искуство во организирана и динамична производствена средина, кандидатот ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и успешноста во работата на тимот во магацин.

Главни одговорности :
• Одржување и унапредување на стандардите за безбедно работење
• Навремен и безбеден истовар, утовар и дистрибуција на роба за внатрешни и надворешни клиенти
• Одржување на залихи во магацин, проверки и контроли, навремено известување по однос на истите
• Детално и точно чување на податоци и организирање на залиха на материјали по логичен распоред
• Постојана грижа материјалите согласно барањата на производствениот процес да се навремено достапни
• И други работни задачи согласно описот на работното место

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

• Минимум Средно образование
• Поседување валидна лиценца за возење вилушкар и моторно возило
• Работно искуство на позиција која вклучува магацинско работење, идеално во автомобилска или друга производствена средина, вклучително утовар и истовар на роба ќе се смета за голема предност
• Пожелно е искуство и познавање на компјутеризиран инвентарен контролен систем
• Способност и искуство за работење во куси временски рокови
• Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
• Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook).

Позицијата подразбира работа во 3 смени и работа за викенд како редовна смена!

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката, во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 05 јули 2017 год.

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување