American Express Gold - верен сојузник при секое патување

American Express Gold - верен сојузник при секое патување

American Express Gold, картичка која во Македонија ексклузивно ја издава Силк Роуд Банка, со сигурност е најдобриот избор посебно ако често патувате. Kакви се поволности добивате со оваа картичка?


Со кредитната картичка American Express Gold ќе бидете безгрижни и безбедни кога патувате, купувате во странство, дома или онлајн. 

Со American Express Gold-Вие сте осигурени од следните ризици при патување:

• итна медицинска помош
• eвакуација и трошоци за враќање
• медицинска и патна поддршка
• телефонски трошоци
• патна придружба
• губење багаж
• доцнење на лет
• доцнење на багаж

Почнува лето. Најдобрата сезона за патувања. Без разлика дали патувате во сопствената земја, во странство, за бизнис или задоволство секогаш со себе треба да имате кредитна картичка која ќе ви го олесни патувањето. Во Македонија дефинитивно најдобар избор на ваква картичка со бројни поволности е American Express Gold! Картичката која ја издава Силк Роуд Банка е единствена кредитна картичка во земјава која нејзиниот корисникот му овозможува и патничко осигурување кое покрива 90 дена излезеност од земјава.

„Не сме единствена банка во Македонија која на своите киенти им дава патничко осигурување како дополнителна предност, но со сигурност сме единствената банка која со патничкото осигурување покрива 90 дена излезеност од земјава. Тоа е уникатна предност на American Express Gold картичката која клиентите ја препознаваат и ценат“, велат од Силк Роуд Банка.

Ова премиум патничко осигурување за корисниците на American Express Gold ги овозможува следниве осигурителни покритија:

1. Здравствена помош:
- болничко лекување од болести и незгода
- лекарска интервенција
- репатријација
2. Осигурување од незгода
3. Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

„За луѓе кои често патуваат оваа картичка е вистинскиот избор. Досега реакциите од користење на картичката и поволностите кои таа ги нуди се исклучително позитивни. Сите кои имале некаква незгода за време на патување и ги искористиле овие привилегии, истите срдечно ги препорачуваат на своите пријатели. А за нас нема поголемо задоволство од задоволни клиенти“, велат од Силк Роуд Банка.



Но, тоа не е се!

Секој корисник на American Express Gold кредитната картичка издадена од Силк Роуд Банка АД Скопје добива и АМСМ членска картичка со која има бројни поволности за време на патување и при незгода на пат. Со оваа картичка ги добивате следните услуги:

- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект, до 200 километри
- Бесплатен пренос на оштетено возило по сообраќајна незгода, кое не е ограничено во километри
- Дополнително бесплатен превоз на возило по повластена цена
- Бесплатна помош на пат
- попусти на повеќе од 200 продажни места во Македонија

Сопствениците на American Express Gold картичката издадена од Силк Роуд банка ги добиваат БЕСПЛАТНО сите овие поволности. Секое патување ќе Ви биде вистинско задоволство кога Ве придружува American Express Gold!