Единаесет годишно момче има повисок коефициент на интелигенција од Хокинг и Ајнштајн

Единаесет годишно момче има повисок коефициент на интелигенција од Хокинг и Ајнштајн

Подготвил: Тамара Гроздановски

момче
Фото: Independent/Screenshot

11 годишниот Британец на тестот за интелигенција имал подобри резултати од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Границата за „генијалност“ е поставена на 140, а 11 годишниот Арнав Шарма го положил тешкиот Менса тест, реализирајќи 162 максимален можен резултат.

Неговиот резултат е за два поени подобар од оној кој своевремено го реализирал физичарот Алберт Ајнштајн, како и Стивен Хокинг.

„Менса тестот е прилично тежок, и многу луѓе не можат да го положат, па не очекувам да го положам и јас“, изјави момчето пред да го полага тестот.

Момчето е со потекло од Индија, а пред почетокот на тестот воопшто не бил нервозен. После тестот, кој траел 2 и пол часа, сепак бил доста задоволен.

„Не беше премногу тежок, но морав на среќа да погодам неколку прашања бидејќи немав време. Моето семејство е изненадено, но и среќно после соопштувањето на резултатите“, вели Арнав.

Менса е еден од најексклузивните клубови во светот, а прима членови само доколку успеат да го положат нивниот тест за интелигенција. Моментално има 20.000 членови, а меѓу нив 1.500 се деца.