Фарма за „биткоини“ во Русија на тајна локација заработува милиони долари месечно

Фарма за „биткоини“ во Русија на тајна локација заработува милиони долари месечно

Подготвил: Маја Пероска

Можеби сте слушнале за „биткоини“ – парите на иднината. Сигурно многумина од вас не ни знаат од каде е произлезен овој поим. Се работи за крипто валута која може да биде „рударена“ и тоа се прави преку специјализирани „фарми“.  Нема стока на овие фарми, само многу „GPU“ картички во големи простории.

фото извор: lazy-flyer.livejournal.com

Овие фарми заработуваат милиони долари секој месец, но не е лесно да се одржуваат работите во баланс. Овие огромни простории содржат над 3000 специјално развиени „GPU“ картички, направени само за „рударење“ на „биткоини“. Секој месец се плаќа сметка за електрична енергија во вредност од 120 илјади долари.

Оваа фарма од фотографијата, е одржувана од страна на 4 инженери кои ги следат сите уреди и опрема 24/7 и имаат специјализиран софтвер и систем за видео надзор, за да ја следат комплетно ситуацијата, за превенција во случај на пожар или друга опасност со која може да се наштети на картичките.

фото извор: lazy-flyer.livejournal.com

Локацијата на фармата е тајна, па во тајност успеваат да „рудираат“ околу 600 „биткоини“ (1.650.000 долари) месечно. Земете предвид дека овие 3000 картички, секоја чини околу 3000 долари, тоа значи дека потребно е да се направи инвестиција од околу 9.000.000 долари за да се започне овој бизнис. Ако на тоа ги додадеме и сметките за струја, изнајмувањето на голем простор и вработувањето на инженери и опрема, потребна е огромна сума на пари.