Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?

Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?

Денес е вторник, 4 јули 2017 година, 185-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:59, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 16 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме претежно сончево и свежо утро. Зголемена облачност имаме во дел од западните и северозападните предели како и во североисточните и источните предели. Облачност која што во наредните часови ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што се под просекот за овој период од годината и се движат во интервал од 8 до 19 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат во интервал од 20 до 31 степени. Во текот на денот ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито но и потопло време. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 28 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда по свежото утро со утрински температури од 6 до 16 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат од 23 до 34 степени. Сончево и топло време со пораст на максималните температури ќе имаме и во четврток и петок кога утринските температури ќе се движат од 8 до 18 односно од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни од 25 до 36 степени во четврток и од 28 до 38 степени во петок. Првиот ден од новиот викендот ни носи сончево и многу топло време со температури кои што за некој степен ќе го надминат повеќегодишниот просек и ќе се движат од 29 до 39 степени.

Weather4all.com.mk