Тврдоглавите деца земаат повисока плата кога ќе пораснат

Тврдоглавите деца земаат повисока плата кога ќе пораснат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

деца тврдоглави
Фото: Getty Images

Ако вашето дете е тврдоглаво, тоа може да е добар знак - барем вака потврди науката. Истражување од 2016 година открива дека особено тврдоглавите деца се многу успешни кога ќе пораснат.

Истражувањето било спроведено над 700 деца на возраст од 9 години, а истражувачите ги следеле до нивната 40. година, обидувајќи се да ги следат карактеристиките на нивната личност, како на пример сериозноста, инаетот, непочитувањето и кршењето на правилата, заедно со нивната плата.

Она што го покажаа резултатите е прилично интересно - децата што ги игнорирале правилата и своите родители честопати имале поголема заработувачка.

Во истражувањето биле земени предвид кариерата и животниот избор, кои би можеле да влијаат врз заработувачката.