Оглас за вработување во НБРМ, отворени се 3 (три) работни позиции

Оглас за вработување во НБРМ, отворени се 3 (три) работни позиции

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a во согласност со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува

O Г Л A C
за вработување 3 извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време

1. Еден извршител на работно место „помлад аналитичар" во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива, еден извршител на работно место „помлад супервизор" во Отсекот за регулаторно известување и административни работи и еден извршител на работно место „самостоен аналитичар" во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање.

2. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, покрај општите законски услови за засновање на работен однос, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

-За работно место „помлад аналитичар" во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива да имаат: завршено факултет од областа на економските науки најмалку 180 ЕКТС кредити (VIB), со или без работен стаж, основни познавања од областа на банкарскиот и финансискиот систем на Република Македонија, оддично познавање на англискиот јазик и работа со компјутер (MS Office) и познавања од областа на работењето на Народната банка.

-За работно место „помлад супервизор" во Отсекот за регулаторно известување и административни работи во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки најмалку 180 ЕКТС кредити (VIB), со или без работен стаж, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавање на сите регулаторни извештаи и подзаконската регулатива со која тие се определени, познавање на методологиите за изработка на извештаите и познавања од областа на работењето на Народната банка.

-За работно место „самостоен аналитичар" во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијага за вонтеренска супервизија и лиценцирање да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки најмалку 240 ЕКТС кредити (VIA), најмаку 3 години работен стаж, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавање на банкарската супервизија и банкарскиот систем на Република Македонија, познавање на законската и подзаконската регулатива од доменот на банкарството и познавања од областа на работењето на Народната банка.

3. Кандидатите за работните места помлад аналитичар во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива и помлад супервизор во Отсекот за регулаторно известување и административни работи потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери и доказ за работен стаж (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

Кандидатите за работното место самостоен аналитичар во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на англискијазик, доказ за познавање работа со компјутери и доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.

4. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, a завршува помеѓу 16, 00 и 17, 00 часот.

5. Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 a кој имаат работен стаж ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.

Висината на основната (нето) плата на работниците за работните места помлад аналитичар во Отсекот за финансиска стабилност во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива и помлад супервизор во Отсекот за регуиагорно известување и административни работи во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање ќе изнесува 19. 613, 00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место самостоен аналитичар во Отсекот за вонтеренска супервизија во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање ќе изнесува 23. 656, 00 денари.

6. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огпасот.

7. Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

8. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

9. Пријавата е објавена на интернет странага на Народната банка на Република Македонија. Пријавата со потребната документација да се доставаг до Архивата на Народнага банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 Скопје.