Вработување во ЕВН! Отворени се 2 (две) работни места

Вработување во ЕВН! Отворени се 2 (две) работни места

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Квалификации:
Високо образование, Градежен инженер - хидро-технички смер,
Солидно говорење и пишување на Англиски јазик, Германски јазик ќе се смета за предност,
MS Office, CAD electrical software,
Возачка дозвола Б категорија,
Работно искуство ќе се смета за предност.

Работни задачи:
Теренска асистенција на операторите во ХЕЦ во случај на дефект – примарно откривање на грешки и дефекти и проценка на штета,
Асистенција при подготовка на тендерска документација за Електро и Машински проекти,
Асистенција при имплементирање на проекти на терен,
Секојдневна асистенција на раководителите на групи (Инженеринг и Оперативно водење),
Подготовка на писмени извештаи, табеларни пресметки и презентации,
Транспорт на материјали – логистика по ХЕЦ.

Лични карактеристики:
Високо мотивирана личност со интерес за стекнување знаење во широк опсег на технички категории, за електро-машинска опрема и принципи на функционирање на истата,
Способност за извршување на задачи под временски притисок,
Флексибилност во однос на работно време (при работа на терен),
Дисциплинираност и тимска работа,
Подготвеност за извршување на работи во различни временски и теренски услови.

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Куманово, Група 1, бараме: 

СПЕЦИЈАЛИСТ

Работни задачи:
Обработка на барањата на корисниците,
Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
Изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоците на корисниците,
Контрола и надзор на изведба на електро-енергетските објекти,
Монтирање на нови броила,
Внесување на податоците од броилата и корисниците во применети апликации и билинг системот
Прием, обработка, чување и средување на документација поврзана со неговата работа,
Отстранување на дефекти во и надвор од работното време,
Контрола на приклучоци и мерни места,

Потребни квалификации:
Најмалку средно Електротехничко образование;
Познавање и користење на MS Office, англиски јазик,
возачка дозвола;
Исполнителност и одговорност,
Флексибилност, Тимска работа.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 16.07.2017.