АПАВЕ вработува администратор / магационер во одделот за логистика и управување со опрема
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Администратор/магационер во одделот за логистика и управување со опрема за работа
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од Администратор/Магационер кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Логистика (раководење и одржување на опремата со која се служат инспекторите при техничка инспекција на меѓународно ниво).
Потребни квалификации:
- Техничко образование
- Одличен англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
- Возачка дозвола Б категорија
Како предност ќе се сметаат:
- Работното искуство во областа на одржување на опрема за техничко испитување
- Искуството во логистика (набавка и транспорт на опрема)
- Интернационална комуникација
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до:
recruitment.3@apave.com