Студентите од УТМС успешно ја завршија МВА едукативната програма: „Лидерство и организациско однесување“ на престижниот Maastricht School of Management во Холандија

Студентите од УТМС успешно ја завршија МВА едукативната програма: „Лидерство и организациско однесување“ на престижниот Maastricht School of Management во Холандија

Интернационализација и глобална препознатливост преку вмрежување со престижни универзитети како дел од стратегијата на Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје им овозможи на најдобрите студенти да бидат вклучени во еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” која се реализираше на престижниот Maastricht School of Management во Холандија. Интензивната едукативна програма се одвиваше под водство на еминентната професорка Стефани Џоунс, а студентите учеа преку симулации, игри и анализи на реални бизнис ситуации.


Врвната професорка Стефани Џоунс со студентите од УТМС на престижниот Maastricht School of Management во Холандија

Со учеството и успешното завршување на едукативната програма, УТМС реализираше дел од проактивната мисија која е фокусирана на унапредување на образованието и компетентноста како есенцијален фактор и предуслов за креирање на општество базирано на знаење и растечка одржлива економија. Целта на едукацијата е во услови на динамичен општествен развој аплицирање на глобални академски стандарди, континуирана размена на знаења и искуства со универзитети од целиот свет и учество во интернационални академски и професионални проекти.

Синиша Китановски, студент на последипломски студии на Економскиот Факултет на УТМС, го сподели своето искуство во однос на тоа дека програмата била интензивна, напредна и во сооднос со светката бизнис динамика. ,,Програмата буквално не воведе во глобалните бизнис движења,, - додаде Китановски.


Студентот на последипломски студии, Синиша Китановски учествува во работна група по предметот „Лидерство и организациско однесување” 


,,Најдобриот дел од програмата според мене е фактот дека групите беа интернационални и диверзифицирани, вклучувајќи врвни студенти од целиот свет,, - објасни Стефан Ристовски, студент на последипломски студии на Економскиот факултет на УТМС, кој беше дел од програмата на Maastricht School of Management.


Студентот на последиплосмки студии на Економскиот Факултет на УТМС, Стефан Ристовски учествува во работен проект со врвни студенти од повеќе земји од светот. 

,,Ова е искуство кое знам дека ќе ми го промени животот,, - раскажува Роберто Миленков, студент од последипломски студии на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС кој беше дел од програмата на Maastricht School of Management. ,,Програмата беше динамична, креативна и комплетно осмислена според светските бизнис трендови. Привилегијата од студиите на УТМС навистина ме позиционираше во ранг со најдобрите светски студенти.,, - објаснува Миленков по реализираната програма.


Успешна презентација на проектот на Роберто Миленков, студент на последипломски студии на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС 

Студентите Николина Костовска и Марија Магдалена Миовска од Факултетот за туризам изјавија дека студиите на УТМС и учеството во оваа програма придонеле да се стекнат со извонредни апликативни знаења и компетенции за бизнисот кои ќе им обезбедат престижна конкурентност и напредување во кариерата.


Студентите Николина Костовска и Марија Магдалена Миовска од Факултетот за туризам на предавања по предметот “Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија

Покрај предавањата од врвни професори од универзитетот, студентите посетија повеќе водечки компании во Холандија.


Студентите на УТМС во посета на компанијата “Sabic” една од водечките компании во Холандија 


,,Евидентно е дека Холандија е една од водечките економски сили во Европа. Вмрежувањето со етаблирани професионалци е една од клучните предности на оваа програма,, - изјави Драган Антовски, студент на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на УТМС.


Студентот Драган Антовски одлично ги реалзираше работните проекти во групи благодарение на подготвеноста од студиите на УТМС 


МБА програмата на Maastricht School of Management ја следеа најдобрите студенти на УТМС која целосно беше поддржана од Фондот за стипендирање ,,Проф. д-р Љубе Миленковски”.

Според плановите за иден развој, УТМС ќе ја интензивира меѓународната соработка и ќе ја продолжи својата мисија за квалитетно и престижно високо образование.


Студентите од УТМС на престижниот Maastricht School of Management во Холандија