Шарено игралиште за кошарка ги воодушеви фановите на играта со портокаловата топка

Шарено игралиште за кошарка ги воодушеви фановите на играта со портокаловата топка

Подготвил: М.Д.

Лектор: Ивана Кузманоска

Пигал е уличен бренд кој е активно вклучен во урбаната заедница во Париз и по обновувањето на кошаркарското игралиште сега го обои и во нова боја, со која е многу поинакво од порано.

игралиште
Фото: Twitter

Теренот се наоѓа меѓу две згради, а е обоен во темносина, виолетова, жолта и во портокалова боја. Она што е посебно за него се кошаркарските табли кои се направени од проѕирна розова боја.

згради
Фото: Twitter

Пигал-продавницата се наоѓа веднаш спроти теренот. Брендон и основачот Стефан Ашпул овој проект го работеле заедно со агенцијата “Ill Studio” и “Nike”.