Трамп и моменталната состојба во Америка прикажани преку една фотографија

Трамп и моменталната состојба во Америка прикажани преку една фотографија

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

По сè изгледа Доналд Трамп не си поминал баш добро на состанокот на Г-20.

фото извор: Getty Images

Трамп во Хамбург, Германија, помина 5 дена и сите беа исполнети со контроверзија. Прво оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин, што воопшто не наликувала на политичка дискусија во врска со Северна Кореја и контроверзиите за изборите. Потоа се состанал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, а се разговарало за трговија и за Северна Кореја.

Неговата ќерка, Иванка, во еден момент го пополнила местото на Трамп. Во меѓувреме, во градот се одвивал протест. Заклучокот на самитот се однесувал на колективната борба на светски лидери против климатските промени, и покрај одлуката на Трамп да излезе од Парискиот договор.

На прикажаната фотографија се гледа „чудната“ позиција во која се наоѓал Трамп на самитот. Луѓето имаа низа реакции за однесувањето на Трамп и за моменталната состојба во која се наоѓа Америка, но тој имал сосема различно мислење за тоа како поминал самитот на Г-20  – на својот профил на „Твитер“ објавил дека самитот бил успешен, најмногу поради канцеларката Ангела Меркел.