Жешките денови продолжуваат и во наредниот период, од петок благ пад на температурите

Жешките денови продолжуваат и во наредниот период, од петок благ пад на температурите

Денес е вторник, 11 јули 2017 година, 192-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:03, а ќе зајде во 20:12 часот. Денот ќе трае 15 часа и 09 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно сончево и многу топло време, ако по утрото се познава денот, тогаш пред нас е ден сончев и многу топол ден.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло со пораст на температури. Ќе дува доумерен слаб западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат за некој степен повисоки во однос на денешните и ќе достигнат до 30 односно до 41 степен. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски ден, ќе биде сончево и топло. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 8

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда и четврток сончево и многу топло време со температури кои што ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во среда утринските температури од 13 до 21, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 40 степени, а во четвтрок утринските за 1 степен повисоки од 14 до 22 степени, додека пак максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 27 до 38 степени. Во петок претежно сончево со појава на локална облачност и посвежо време со температури од 23 до 34 степени. Во сабота постојат услови за промена на временската состојба, од денешна гледна точка се очекува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време со утрински температури од 9 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 22 до 33 степени.

Weather4all.com.mk