ЕЛЕМ Турс вработув... Плата 33.600 денари

ЕЛЕМ Турс вработув... Плата 33.600 денари

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник бр. 167/2015, 27/2016) и член 5, 6, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 04711/1 од 07. 07. 2017 година,

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ
ОБЈАВУВА ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следните работни места:

- 1 (еден) извршител на работно место „Сметководител" во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за финансиски и комерцијални работи.

Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: VII степен 240 ЕКТС, ВССекономски факултет, отсек сметководство, 3 години работно искуство и одлично познавање на англиски јазик.

Паричниот износ на основната плата е 33. 660, 00 денари.

- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен референт за набавки" во Дирекдија на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за финансиски и комерцијални работи.

Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: VII степен 240 ЕКТС, ВССекономски или правен факултет, 3 години работно искуство и одлично познавање на англиски јазик.

Паричниот износ на основната плата е 33. 660, 00 денари.

Работната недела трае 5 (пет) работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08:00 часот до16:00 часот.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата, кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија и мотивационо писмо;
- Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.
Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, Дирекдија
ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас")