НАСА му објави војна на вселенскиот непријател број 1

НАСА му објави војна на вселенскиот непријател број 1

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


НАСА
(Фото: Getty images)


Освен недостигот од гравитација и високата радијација, животот во вселената го отежнуваат и многу други работи што можат да го убијат човекот. Сега НАСА испитува уште еден потенцијален непријател: габите!

Резултатите од студијата објавена во понеделникот во журналот „Microbiome“ покажуваат дека ако ги сместите луѓето во затворени простори, кои еден ден би можеле да се користат на Месечината или на други планети, како Марс, може да станат средини на развој на габи.

„Докажавме дека развојот на габите се промени откако во тие простори се присутни и луѓе“, вели коавторот на судијата и истражувач во НАСА, д-р Кастури Ванкатесваран. „Габите можат да преживеат и во најсурови услови, како што се пустините, пештерите и слично. Според тоа, тие се штетни за оние што им ги нарушуваат нивните средини и ги менуваат“.

Венкатесваран се надева дека истражувањето на заедниците на габите надвор од Земјата ќе придонесе за развој на технологија и стратегии против потенцијалната закана за астронаутите што во иднина ќе продолжат да ја истражуваат вселената.