Научниците за првпат успеале да телепортираат фотон од Земјата во орбитата

Научниците за првпат успеале да телепортираат фотон од Земјата во орбитата

Подготвил: Тамара Гроздановски

фотон
Фото: Shutterstock

Не многу одамна, во раните 1990-ти, научниците само можеле да шпекулираат дека би било возможно телепортирањето преку користење на квантната физика. Од тогаш, процесот станал стандардна операција во лабораториите за квантна оптика насекаде низ светот.

Всушност, минатата година, два одделни тимови ја спровеле првата квантна телепортација во светот надвор од лабораторија. Сега, истражувачите во Кина успеале да направат чекор понапред и успешно да телепортираат фотон од Земјата до сателит кој орбитира на 500 километри оддалеченост.

Сателитот, наречен „Мициус“, е високо чувствителен фотоприемник способен за откривање на квантните состојби на единечни фотони пуштени од земјата. „Мициус“ бил лансиран со цел да им овозможи на научниците да тестираат различни квантни подвизи вклучувајќи криптографија и телепортации.

Овој телепортски подвиг беше најавен како еден од првите резултати на овие експерименти. Не само што тимот успеал да го телепортира првиот објект од земјата до орбитата, туку тие успеале и да ја создадат првата квантна мрежа од сателит до земјата, срушувајќи го рекордот за најдолго растојание со кое се мери заплетувањето.

„Телепортацијата на долги релации е признаена како основен елемент во протоколите, како што се квантните мрежи и дистрибуираните квантни пресметки“, вели кинскиот тим.

„Претходните телепорациски експерименти помеѓу далечни локации беа ограничени на растојание од 100 километри, поради загуба на фотоните во оптичките влакна или копнените канали за слободен простор“, додаваат тие.

Како ја замислувате телепортацијата?

Квантната телепортација се потпира на квантна заплетканост - ситуација во која еден сет на квантни предмети (како што се фотоните) го формираат истиот момент и точка во просторот. На овој начин, тие го делат истото постоење.

Ова споделено постоење продолжува дури и кога фотоните се одвоени - што значи дека мерењето на едниот, веднаш влијае на состојбата на другиот фотон, без оглед на растојанието меѓу нив.

Оваа врска може да се искористи за пренесување на квантната информација преку „преземање“ на информации поврзани со еден фотон преку заплеткана врска до друг фотон. Овој втор фотон го зема идентитетот на првиот и така се реализира телепортирањето.

Во овој конкретен пример, кинескиот тим создал заплеткани парови на фотони на земјата со стапка од околу 4,000 во секунда. Потоа го емитувале овој фотон до сателитот, и го задржале другиот фотон на земјата.

Конечно, тие ги измериле фотоните на земјата и во орбитата за да потврдат дека се случило заплеткувањето.

Но постојат некои граници за оваа технологија. Транспортирањето на нешто големо може да не успее. Исто така, во теорија нема максимално транспортно растојание, но заплетувањето е кршливо, а врските лесно можат да се прекинат.

И покрај овие граници, ова истражување го отвора патот за други поамбициозни за квантната телепортација.