Прва изложба посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил

Прва изложба посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил

книжевник

 Во Македонија,  директно од Линц, во  Битола допатува изложба посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил.

Перформансот е адаптиран на македонски јазик, со превод на текстови и аудио станици, изработена во Штифтер хаус во Линц и на тој начин овозможена за прикажување  во Македонија, благодарение на Покраинската влада на Горна Австрија и Дирекцијата за култура

Она што е посебно интересно за настанот којшто во Завод и музеј Битола ќе се одрќи на 14 јули 2017 во 12 часот е дека Роберт Музил не е непознато име во македонската библиотечна понуда и книжевна дејност. Имено, во  Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, придружна членка на УКЛО, како и во австриската библиотека во Битола, има 12 дела на Музил што се дел од богатиот библиотечен фонд, преведени на македонски, српски и секако, на  германски јазик. Меѓу поактуелните наслови за читателската публика се насловите : Заблудите на питомецот Терлес, Трите жени, раскази и други дела, додека прекрасниот роман „Човекот без својства“ на заедничка радост на сите е преведен на македонски во едицијата Ѕвездите на светската книжевност.

Уште еден интересен податок за изложбата е дека  тежи 1.200 кг. заедно со панелите, 6 аудио и 6 видео станици. Во македонската адаптација учествуваа :Марјан Нечак, во чие студио се снимени  аудио станиците на македонски јазик, преведувачот на текстовите , проф.-д-р Петер Рау  којшто целосно беше вклучен во јазичната редакција,  како и актерот Петар Горко  задолжен за интерпретација на текстовите. По прикажувањето на Бит Фест изложбата ќе гостува и ќе биде прикажана во рамки на Охридското лето.

Инаку, комплетната координација на проектот е од Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола, а како коорганизатори и поддржувачи на овој несекојдневен настан се уште неколку институции од Битола.