Се повлекува учебникот по „Општество“ во кој има дискриминаторски содржини

Се повлекува учебникот по „Општество“ во кој има дискриминаторски содржини

Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева

Учебникот за четврто одделение по „Општество“ за кој Народниот правобранител утврди дека има дискриминаторска содржина, ќе биде повлечен од страна на Министерството за образование и наука. Омбудсманот позитивно се произнесе во однос на претставката која беше поднесена со помош на Коалицијата СЗПМЗ која најпрво беше иницирана од 40-тина мајки кои живеат во еднородителски семејства, вонбрачни заедници и брачни заедници,поддржани дополнително и од страна на останати 8 организации. Имено, овие засегнати страни укажуваат на повреда и вршење на дискриминација врз основа на брачен и семеен статус и религија во областа на образованието.




-На страница 18 во учебникот се учи за брачен живот и брачни улоги и меѓу другото се бара од учениците да залепат фотографија од свадбата на родителите или да ги нацртаат, притоа да одговорат кога нивните родители стапиле во брак и на која возраст, колку години се во брак и оставено е на учениците да заокружат, дали родителите се венчале во матично (општина), црква или друго. Ваквата вежба, како што е зададена во учебникот е дискриминаторска и вознемирувачка за цели групи родители и деца кои не живеат во конвенционални брачни односи и семејства, и тоа: заjavascript:void(0); децата од еднородителски семејства, чии родители се разведени или пак еден од родителите е починат, непознат или исчезнат, деца кои живеат со роднини, деца без родители, деца чии родители живеат во вонбрачна заедница, па дури и децата чии родители стапиле во брак, но решиле да не направат свадба. Вежбата не дава можност децата од неконвенционалните семејства и брачни односи без вознемиреност и стигматизација да ги претстават односите во своето семејство или дом, бидејќи бракот како заедница и свадбата како начин на прослава, се претставени како единствено „нормални“ заедници и поведенија – велат од Коалицијата СЗПМЗ .

Министерката за образование и наука Рената Дескоска, неодамна изјави дека сите учебници од сите нивоа на образование ќе бидат ревидирани, и ќе се отстранат содржините кои поттикнуваат дискриминација по било која основа како и говор на омраза.