Ѕирнете во авиокомпанијата на Северна Кореја

Ѕирнете во авиокомпанијата на Северна Кореја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

severna koreja
Фото: Arthur Mebius

Авијациската индустрија на Северна Кореја одамна е извор на интриги и фасцинација за патниците од целиот свет.

Дел од оваа љубопитност е фокусирана на „Air Koruo“, државна национална авиокомпанија на Комунистичката Демократска Народна Република Кореја. Ова е единствената комерцијална авиокомпанија во земјата и лета само на две меѓународни дестинации - Кина и Русија. Нејзините авиони се од советската ера, а некои датираат од 60-тите години и се премногу примамливи за авионските спортисти да ги пропуштат.

Меѓу оние што се фасцинирани од авионите на Северна Кореја е и фотографот Артур Мебиус.

Откако се приклучил на турнејата во Северна Кореја фокусирана на воздухопловството, која му дозволила да искуси некои од овие места, тој одлучил да создаде книга за авиокомпанијата, наречена „Dear Sky - The Planes and People of North Korea's Airline“.

Книгата содржи фотографии направени за време на три посети на Северна Кореја.

Во интервју за Си-ен-ен, Мебиус открива некои детали за самата посета и искуството таму.

„Оваа авиокомпанија има вкупно 15 авиони. Четири од нив се понови авиони (од 90-тите и понови). Од тие четири - два се „туполев 204“ и 2 „антонов 148“, а се користат за редовни меѓународни летови. Поновите авиони се многу посовремени  и се еквивалентни на оние со кои летаат денес западните авиокомпании“, раскажува Мебиус.

„Северна Кореја е невообичаена земја која е фасцинантна за многу луѓе, така што тие се љубопитни да видат како изгледа една авиокомпанија во таков чуден контекст“, додава тој.