Оглас за вработување во МОНЕТА (Раководител на одделот за финасии)

Оглас за вработување во МОНЕТА (Раководител на одделот за финасии)

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р. Македонија како Давател на услугата Брз Трансфер на Пари - MoneyGram, oбјавува:

ОГЛАС
за Раководител на Одделот за Финансии

Работни задачи и одговорности:
• Подготовка на месечни финансиски извештаи и различни извештаи;
• Собирање и анализа на сметководствените информации;
• Порамнување на сметките на суб-агенти на дневна основа ;
• Пресметува, контролира, следи и ги евидентира пресметките на провизиите за Суб-агентите;
• Помага во подготовката на буџетот на Друштво и го следи нејзиното спроведување;
• Редовно одржување на регистарот на основните средства и пресметка на амортизација;
• Редовна евиденција на нови средства и отстранување на оние што не се во употреба;
• Одговорен за постојано следење на банкарските сметки на Друштвото и помирување во случај на несовпаѓање;
• Одговорен за пресметка, декларација и навремена исплата на сите видови на даноци, придонеси и други јавни давачки;
• Соработува со УЈП и Народна Банка на Р.Македонија при нивна теренска контрола во Друштвото;
• Подготовка на годишни финансиски извештаи и соработува со надворешните ревизори во текот на ревизијата;
• Изведување на финансиска анализа и профитабилноста по барање на управителот;
• Проверка на сметководствената евиденција и трошоци;
• Осигурува овластувања за сите расходи во буџетските линии ;
• Врши и други работи од областа на сметководството, финансиите или други административни работи по барање на управителот или од другите структури за управување;

Подготовка и професионални вештини:
• Универзитетска диплома по економија и финансии;
• 5 години минимум работно искуство во соодветната област;
• Висока флексибилност во користењето на MS Office;
• Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик ;
 Предност познавање на Албански јазик ;
 Интерперсонални вештини за управување ;
• Организациски и аналитички вештини;
• Предност кандидатите со уверение за овластен сметководител од ИСОС.

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail: kariera@moneta.mk или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Раководител на Одделот за финансии”.

Напомена:
Огласот важи од 13.07.2017 година до 21.07.2017 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.