Зошто не треба да ги тепате децата?

Зошто не треба да ги тепате децата?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Колку повеќе децата се физички малтретирани за дисциплина, толку стануваат поагресивни и антисоцијални.

фото извор: Ben_Gingell / iStock

Ова се податоците од новата студија која заклучува дека тепањето поради лошо однесување има слични ефекти со физичка злоупотреба. Заклучокот се сведува на истражувања кои траеле повеќе од 50 години и вклучуваат повеќе од 160 илјади деца.

Под тепање во студијата се смета удирање по екстремитетите или по задникот. На овој начин децата добиваат негативни ефекти, а дисциплината повторно не се постигнува, сметаат истражувачите. Удирањето само ќе придонесе за спротивен ефект од оној што го посакуваат родителите.

Во светот 80 проценти од децата се тепани, и тоа најчесто од родители кои биле казнувани на овој начин кога биле деца. Истражувањето покажува дека удирањето е поврзано со истиот негативен резултат што се јавува кај детето по злоупотреба, само на малку пониско ниво.