Еволуцијата на „Јутјуб“ во две минути

Еволуцијата на „Јутјуб“ во две минути

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Каналот на „Јутјуб“, 4096, нè потсетува како се менувала насловната страница на овој сервис од неговото настанување од 2005 година до денес.

На снимката ќе забележите дека од 2007 година започнува ширењето на „виралните клипови“, а потоа следува појавата на рекламите, а можеби ќе забележите и нешто што некогаш сте го сакале многу, па ќе ве натера да го пребарате и погледнете повторно.