Овие фотографии некогаш се сметале за иднината на портретите

Овие фотографии некогаш се сметале за иднината на портретите

Подготвил: Тамара Гроздановски

foto

Овие фотографии, собрани од Кристофер Б.Штајнер, професор по историја на уметност и антропологија при Колеџот за историја на уметност во Конектикат, биле создадени со помош на „фото-мултиграф“ односно техника наречена „трик-огледало“.

Измислена од Џејмс Б.Шо во Атлантик Сити, на почетокот на 1890-те, фото-мултиграфот бил создаден со поставување на субјектот помеѓу две огледала кои се на таков агол кој овозможува производство на четири одрази од субјектот.

Со изложување на лицето на субјектот од секој агол, фото-мултиграфот бил наметнат како систем кој ќе овозможи „да се видиме себеси онака како што другите нè гледаат нас“.

До 1920-тите фото-мултиграфот бил честа новинска атракција во крајбрежните, аркадни фото студија низ Америка и Европа. Но, праксата за вакво фотографирање исчезнала до 1950-те.

Линк до галеријата.