Итно се бараат 140.000 работници

Итно се бараат 140.000 работници

Подготвил: М.Д.

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Чешка стапката на невработеност во текот на јуни се намалила од 4,1 на 4%. Ова е најмала стапка на невработеност во последните 19 години според тамошниот државен завод.

авионче
Фото: Thinkstock

Во споредба со истиот период лани, невработеноста е намалена за 1,2% и со тој показател Чешка уште во мај е најдобра во Европската Унија.

Бирото за вработување на крајот од јуни понуди 183.000 слободни работни места во државата, што е за 49.561 повеќе отколку во јуни минатата година.

Сѐ уште има некои регионални разлики, како на пример, во Прага невработеноста паднала на 1,2%, додека на северот на Чешка во некои градови достигнува и до 10%.

„На пазарот на трудот првенствено влијаат економскиот раст и растот на индустриското производство, како и сезонските активности, кои се во полн замав“, соопштуваат од бирото за вработување.

Чешките компании во последните месеци се жалат дека не можат да најдат нови работници и дека се плашат од загубата на нарачките од странство затоа што ако не најдат нови вработени, нема да можат да ги произведат истите.

Чешката влада проценува дека на економијата ѝ недостигаат околу 140.000 работници, кои компаниите се принудени да ги бараат во странство, најчесто преку агенции за посредување, првенствено во Украина, но и на Балканот.